Министерката Канческа-Милевска ќе се сретне со Дуке Бојаџиев
17.02.2015 09:20
На средбата ќе стане збор за идните активности за промоција на македонската култура во светот...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе има работна средба со македонскиот уметник со интернационална кариера Дуке Бојаџиев.
На средбата ќе стане збор за идните активности за промоција на македонската култура во светот.
Бојаџиев е еден од најзначајните современи македонски композитори кој долги години живее и твори во Њујорк.
