Средба на македонски и бугарски бизнис асоцијации

17.02.2015 09:46

На средбата ќе се разговара за потенцијалите за зголемување на трговската и економската размена меѓу двете земји...

Македонско-бугарската стопанска комора денеска организира работна средба помеѓу претставници на македонските бизнис асоцијации и Бугарската стопанска комора.
 
На средбата ќе се разговара за потенцијалите за зголемување на трговската и економската размена меѓу двете земји, како и за организацијата, темите и формите на бизнис форумот што треба да се одржи во Софија.