Бесими- Хан: Заеднички интерес е поскро отворање на преговорите за членство во ЕУ

17.02.2015 12:50

Како што соопштува Кабинетот на вицепремиерот Бесими, на средбата фокусот бил ставен на напорите на Владата на Република Македонија во насока на спроведување на реформите кои се нопходни за успешна реализација на евроинтегративниот процес...

Интерес и на Европската комисија и на Република Македонија е поскоро отворање на пристапните преговори и членство на земјата во Унијата. Во таа насока од Европската комисија очекуваат Република Македонија да работи кон надминување на предизвиците со кои е соочена и да ја одржи реформска агенда. Ова било истакната на денешната средба помеѓу вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.

Како што соопштува Кабинетот на вицепремиерот Бесими, на средбата фокусот бил ставен на напорите на Владата на Република Македонија во насока на спроведување на реформите кои се нопходни за успешна реализација на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и за статусот  на спроведувањето на ИПА.

На состанокот се разговарало за спроведувањето на приоритетните активности, произлезени од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија,  меѓу другото и за областите, слобода на изразување и медиуми, судство, борба против корупција и организираниот криминал, меѓуетнички односи, реформи во јавната администрација, добрососедски односи, регионална соработка и зголемување на економскиот раст и вработување.

Потпретседателот на Владата Бесими, се осврнал и на потребата од продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво, со цел одржување на динамиката во реформскиот процес и постигнување на инклузивност преку политички дијалог и вклучување на општествените чинители, што ќе придонесе кон кредибилноста на процесот на европска интеграција на Република Македонија.

Меѓу другото, на состанокот дискутиран беше и статусот на спроведување на ИПА, Акцискиот план за подобрување на искористеноста врз основа на научените лекции, програмирањето на ИПА 2015-2016, како и за можноста за помош од страна на Европската Унија и нејзините земји членки со цел санирање на настанатите штети во поплавените подрачја.