2,2 милиони евра за иновативни проекти преку Фондот за иновации

17.02.2015 12:59

Компаниите можат да добијат најмногу до 30 илјади евра, односно Фондот ќе финансира до 85% од вкупните трошоци на проектите.

Утре ќе биде објавен јавниот повик за финансиска помош за кофинансирање преку Фондот за иновации, кој за оваа намена годинава има издвоено 600 илјади евра.

„За овој повик се обезбедени средства во износ од 600.000 евра, за кои ќе можат да аплицираат македонските претпријатија. Фондот за иновации и технолошки развој располага со вкупно 4 инструменти, за кои оваа година се предвидени средства во износ од 2.280.000 евра. Во текот на годината, ќе се објават јавни повици за сите инструменти, вклучувајќи уште еден повик за доделување на Кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании и иновации“, соопшти вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Компаниите можат да добијат најмногу до 30 илјади евра, односно Фондот ќе финансира до 85% од вкупните трошоци на проектите.

Целта на оваа финансиска поддршка е да се потикне иноватинвоста кај претпријатијата, како и да се применат научните истражувања во комерцијални активности преку спин оф претпријатија, нагласи директорката на Фондот за иновации, Јасмина Поповска.