МРТ и РТЦГ ја збогатуваат соработката
Меморандумот за соработка меѓу двете медиумски куќи треба да помогне во градењето на добри меѓусоседски односи...

Македонската радио телевизија и црногорската ја унапредуваат соработката. Меморандумот за соработка меѓу двете медиумски куќи треба да помогне во градењето на добри меѓусоседски односи.
„Се надевам дека со денешното потпишување ќе отпочне поконкретна соработка помеѓу нашите две компании. Добрите односи кои што постојат помеѓу нашите две држави, помеѓу нашите два народа, ќе можеме подобро да им ги претставиме на граѓаните и во Црна Гора и во Македонија“, изјави генералниот директор на МРТ, Марјан Цветковски.
Соработката подразбира размена на програмски содржини и заедничка програмска подршка во продуцирање на телевизиски и радио програми.
