Акција „Гора“: Кривична пријава за 8 лица, одреден притвор за четворица
Осум лица заработија кривична пријава за злосторничко здружување во големата акција на МВР- „Гора“. Вршеле незаконска екплоатација на шуми...

Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје поднесе кривична пријава против осум лица, седум од Скопје и едно лице од Кичево. На четири од пријавените лица одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.
Шест од осомничените со кривична пријава се предадени во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје, а по А.А. и В.А. во мементот се трага и откако ќе бидат обезбедени ќе бидат предадени во надлежното Основно Јавно обвинителство.
Кривично пријавени се седум лица за сторено кривично дело „злосторничко здружување“, четири лица се пријавени и за „злоупотреба на службена положба и овластување” и три од пријавените лица за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
