Фудбал – УЕФА Лига Европа

Марковиќ ќе одмара четири меча!

17.02.2015 13:46

Марковиќ нема да може да игра во двомечот од шеснаестинафиналето во УЕФА Европа лигата против Бешикташ, како и во осминафиналето, доколку Ливерпул ја мине турската екипа...

Дисциплинската комисија според правилата го казни фудбалерот на Ливерпул, Лазар Марковиќ за директното исклучувањето во дуелот со Базел, но неочекувано висока е суспензијата од четири натпревари. Во Ливерпул сметаат дека не е спорен ударот со рака на Марковиќ, но се незадоволни од должината  на казната затоа што според нив фудбалерот на Базел, Бехранг Сафари паднал театрално и придонел судијата да му покажа црвен картон на Србинот.

Марковиќ нема да може да игра во двомечот од шеснаестинафиналето во УЕФА Европа лигата против Бешикташ, како и во осминафиналето, доколку Ливерпул ја мине турската екипа.

Пред осум години „црвените“ на Енфилд во рамките на Лигата на шампионите го совладаа Бешикташ со 8:0 што е рекордна победа во фазата по групи.

Сепак, на дуелот в четврток ситуацијата ќе биде поинаква, затоа што Ливерпул не е во формата од минатата сезона, додека Бешикташ има 12 победи во последните 13 натпревари во турското првенство во коешто лидер со бод повеќе од Фенербахче и два од Галатасарај.