Договорени конкретни мерки за надгледување на примирјето на истокот од Украина

17.02.2015 14:21

Во Донбас се повлекува тешкото оружје, а во Луганск примирјето се почитува и нема истрелано ни куршум...

Лидерите на Германија, Русија и Украина, Меркел, Путин и Порошенко, договорија конкретни мерки кои ќе им овозможат на набљудувачите на ОБСЕ да го надгледуваат примирјето на истокот на Украина.

Во Донбас се повлекува тешкото оружје, а во Луганск примирјето се почитува и нема истрелано ни куршум.

Ситуацијата е поинаква во Дебаљцево, каде што се во тек борби и двете страни се обвинуваат меѓусебно за нападите што ги спречуваат да ги повлечат тенковите и ракетните фрлачи.

Портпаролот за одбрана на самопрогласената Доњецка република, Едвард Басурин го отфрли примирјето, а Киев го одби предлогот на сепаратистите за безбедносен коридор надвор од градот.