Фудбал – УЕФА Европа Лига

Ставрев ќе му суди на шампионот!

17.02.2015 15:15

Сезонава, Ставерв водеше два дуела од УЕФА Европа лигата и тоа Динамо Минск – Генган и Наполи – Слован Братислава...

Нашиот најдобар фудбалски судија, Александар Ставрев ќе ја предводи македонската шесторка којашто ќе го води еден од најинтересните дуели од шеснаестинафиналето на УЕФА Европа лигата меѓу актуелниот освојувач Севилја и Борусија Менхенгладбах. Како и претходно, на Ставрев ќе му асистираат, Марјан Кировски и Дејан Кировски како линиски судии, зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски, додека четврти судија ќе биде Гоце Петрески.

Сезонава, Ставерв водеше два дуела од УЕФА Европа лигата и тоа Динамо Минск – Генган и Наполи – Слован Братислава.

Во кариерата за Ставрев ова е 24 меч во второто по вредност европско клупско натпреварување, додека под знакот на УЕФА нашиот судија водеше 57 натпревари.