Средба Вељаноски- Бејли
Амбасадорот Бејли потенцирал дека САД искрено ќе продолжат да ги поддржуваат демократските процеси и членството на Македонија во НАТО и во Европската унија...

На средбата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и новоименуваниот американски амбасадор Џес Бејли, се согласиле дека продолжува успешната соработка меѓу двете држави.
Амбасадорот Бејли потенцирал дека САД искрено ќе продолжат да ги поддржуваат демократските процеси и членството на Македонија во НАТО и во Европската унија. Американскиот амбасадор истакнал дека е важно да се превземаат мерки за подобрување на севкупниот имиџ на Парламентот и на државата, а за тоа е потребно да постои дијалог за решавање на проблемите.
Спикерот Вељаноски, потенцирал дека ќе ги употреби сите инструменти во негова надлежност, за што поскорешно разрешување на политичката состојба и враќање на пратениците во Собранието кои се во оставка.
