НБА: Антиќ влегува вo ритам
Перо Антиќ ги изедначи личните максимални учиноци, 27 минути и 16 поени, но првпат вистински се почувствува неговото влијание во играта на Хокс. Атланта победи против Индијана (97:87), во мечот што статистички гледано, може да биде пресвртница во кариерата на нашиот интернационалец.
Вкупната реаизација на Антиќ, му беше 60% - постигна 3 тројки во 6 обида, 3 од 4 за два поена, едно од двете слободни, имаше 4 скока, една блокада и една асистенција, без ниту една загубена топка, со највисока валоризација во неговата руки сезона (20).

Првиот Македонец во НБА лигата имаше 12 и беше најистакнатата фигура кај домаќините во првото полувреме, втор лик на натпреварот ако се бројат само поените. Кајл Корвер имаше вкупно 17 поени, во неговата рекордна серија - 105 меча со најмалку една постигната тројка.
Хоукс почнаа со 12:0 и го задржаа водството до крајот, против лидерот на Истокот. Индијана нема победа во Филипс арената од 2006-та, 12 натпревари по ред. Атланта ја прекина својата серија од три порази и серијата од три победи на противникот, кој што го загуби само вториот меч во последните 10, одиграни сезонава.
“Игравме против голем тим, сакавме на сите да им докажеме дека можеме да победуваме и во вакви натпревари.” - изјави Антиќ.
На другите средби:
Бруклин славеше против Голден Стејт (102:98) и ја прекина серијата на гостите од 10 победи по ред, односно 6 гостински триумфи во серија, со што Вориорс останаа на чекор до историската седма победа, на противнички терен во НБА лигата. Џо Џонсон постигна рекордни 27 поени во дресот на Нетс, Гарнет 11 во последниот период од вкупно 13-те на мечот и на 12 секунди до крајот го пресече клучното додавање на Кари, кој што на спротивната страна имаше 34 поени, 5 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки.
Далас – Сан Антонио 90:112 (Паркер 25 поени)
ЛА Лејкерс – Хјустон 99:113 (Харден 38 поени)
Бостон – Клиперс 105:111 (Грифин 29 поени)
Орландо – Портланд 94:110 (Олдриџ 36 поени)
Минесота – Феникс 103:104 (Драгиќ 26 поени)
Њу Орлеанс – Вашингтон 96:102 (Ариза 21 поен)
Детроит – Торонто 91:112 (Лори 21 поен)