До јуни ќе се знае дали ќе се спојат ВИП и ОНЕ!

17.02.2015 16:08

Ако стратегијата не го мине филтерот, посилниот ќе остане, останатите ќе имаат проблем– празниот простор може да се пополни само до два виртуелни телекомуникацски оператори- став на првите луѓе во групацијата Телеком Австрија...

До јуни Антимонополска треба да оцени дали ВИП и ОНЕ ќе се интегрираат во нов оператор на телекомуникацискиот пазар. Државната комисија анализира како спојувањето ќе се одрази на конкуренцијата. Менаџментот вели дека е во интензивни разговори за зедничко прифатливо решение и очекува позитивно мислење. Директорот на ВИП, Љушев тврди дека нема застој во процесот што почна во февруари.

„Застој во процесот на спојување нема. Процесот е во втора фаза која почна на почетокот на февруари годинава. Согласно законот таа може да трае најмногу 90 дена, што значи некаде средина на јуни очекуваме позитивен одговор од Комисијата, нема простор за повеќе од две мрежи на телекомуникациски оператори“, вели Никола Љушев, главен извршен директор на ВИП.

Ако стратегијата не го мине филтерот, посилниот ќе остане, останатите ќе имаат проблем– празниот простор може да се пополни само до два виртуелни телекомуникацски оператори- став на првите луѓе во групацијата Телеком Австрија.

„Нема простор за трет мобилен оператор, тоа е скапо и за операторите и за државата. Постојат услови за влез на еден или два виртуелни оператори“, вели Гернот Раш, главен маркетнг директор.

Во октоври лани групацијата Телеком Австрија објави договор за спојување на Телеком Словенија Груп и нивните подружници во Македонија, ВИП и ОНЕ. Групацијата ќе има 55 отсто и целосна контрола во новосоздадената компанија. Австрискиот телеком- 45 насто од капиталот.

 

Сузана Фиданска- Стоевска