Апелација ја одби жалбата на Обвинителството за Кежаровски

17.02.2015 16:34

Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Апелацискиот суд на Кежаровски му ја намали казната затвор на две години...

Апелациониот суд Скопје ја отфрлил жалбата на Јавното обвинителство за условниот отпуст на новинарот Томислав Кежаровски. Судот жалбата ја отфрлил како неоснована со констатација дека Првостепениот суд постапил правино што дозволил условен отпуст на новинарот.

Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Апелацискиот суд на Кежаровски му ја намали казната затвор на две години.

Со оглед на тоа што на новинарот му се сметаше времето поминато во притвор, му остануваа уште помалку од четири месеци затвор од казната.

Кежаровски беше спроведен на издржување на казната во затвор, но беше ослободен поради влошената здравствена состојба.