Експерти: За појавата на „Македонски анонимуси“ можни неколку сценарија
Аналитичарите препознаваат неколку сценарија за појавата на таканаречените „Анонимуси“. Според една од тезите тие се креирани на Бихаќка, а според друга во странство...

Расте нервозата и вознемиреноста во опозицискиот СДСМ по заканата дека таканаречените „Македонски анонимуси“ ќе објават аудио материјали кои Заев ќе сакал да ги сокрие. Според аналитичарите за појава на анонимуси има три сценарија.
Првото, дека оваа група е креирана од Заев и од СДСМ, со што според аналитичарите,целта е да се објавуваат материјали што се однесуваат на лица од опозицијата, а не се под директна контрола на Заев, кој пак со тоа би извршил нивна политичка егзекуција.
Второто сценарио според експертите, дека ова е производ на луѓе од СДСМ што имале пристап до материјалите, а се незадоволни од политиките на лидерот.
Трето можно сценарио, според експертите, е дека ова е производ на некој странски центар со цел да предизвика поголема тензија и конфликт во општеството.
Кое и да е од овие сценарија нема да му помогне на СДСМ да го крене сопствениот рејтинг, бидејќи станува збор за деструкција која не помунува кај гласачите.
„Очигледно дека нешто не е во ред со самата партија, односно им треба одредена реформа, некој поттик со цел да привлечат повеќе членови и да дојдат на власт. Сепак ќе кажам дека тоа е внатрешно прашање кое самите функционери и членови треба да си го решат. Онаа негативна кампања, без разлика дали е во текот на изборната, предизборната кампања, или после тоа, може само да и одмогне на партијата кон која е насочена, а не може да и помогне на партијата која ја испорачува, да го зголеми својот рејтинг. Така што во најлош случај можеби тоа ќе влијае на рејтингот на владејачката партија, но во никој случај нема да и помогне на СДСМ, се разбира доколку се остварат оние сценарија кои ги посакува СДСМ со објавувањето на овие разговори“, смета аналитичарот Владимир Божиновски.
Според експертите голема е веројатноста во материјалите што Заев ги добил од странски центри да има негови разговори, а се компромитирачки за него. Лидерот на СДСМ тврдеше дека бил прислушкуван 4 години, а во пријавата што ја поднел до јавното обвинителство пријавил 311 разговори.
Тоа според аналитичарите е нелогично ако се има предвид ендоставната математика која кажува дека ако просечен човек дневно разговата десетици пати на телефон интензитетот на разговори на лидер на политичка партија би бил далку поголем.
Милчо Велески
