Да се интензивира бизнис соработката со Бугарија
Бизнисмените се подготвени за поголема соработка, со формирањето на заеднички фонд за финансирање на компаниите...

Трговската соработка со Бугарија е сеуште на ниско ниво, иако се потпишани сите билатерални договори, велат од Mакедонско- бугарската стопанска комора. Бизнисмените се подготвени за поголема соработка, со формирањето на заеднички фонд за финансирање на компаниите.
„Успеавме да ги споиме банкарите кои се за развој и поддршка на двете држави и се надеваме дека наскоро ќе профункционира и тој заеднички бренд на двете држави кој ќе биде за трети пазари“, вели првиот човек на комората, Зоре Темелковски.
Подобрување на инфраструктурата, авионска и железничка врска, бараат бизнисмените од двете земји. Апелираат на олеснување на царинските и административни бариери за побрз проток и пониски трошоци за компаниите.
„Во месец март очекуваме сериозна посета од страна на македонска делегација каде ќе треба да оствариме пошироки контакти и и очекуваме зголемување на трговијата“, вели Цветин Симонов.
„Ќе направиме се за таа проодност да се зголеми. Изградбата на коридорите што се очекува да завши во периодот на 2018-20 година да биде пречекана адекватно, а не таа предност што ќе ја стекнеме со изградбата да ја изгубиме со проодноста“, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Надворешно трговската размена со Бугарија изнесува околку 560 милиони американски долари, но во иднина треба двојно да се зголеми.
Бугарија е шестти трговски партнер на Македонија.
Дијана Ценевска
