Претседавачот на ОБСЕ Ивица Дачиќ во посета на Македонија

18.02.2015 09:14

Дачиќ ќе се сретне со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, а ќе оствари средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Се очекува тој да се сретне и со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми...

Претседавачот на ОБСЕ и српски министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
 
Дачиќ ќе се сретне со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, а ќе оствари средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Се очекува тој да се сретне и со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.
 
Србија го почна претседавањето со ОБСЕ на 15 јануари. Претседавањето ротира секоја година меѓу членките на ОБСЕ, а одлуката ја донесува Министерскиот совет. Функцијата претседавач со ОБСЕ ја извршува министерот за надворешни работи на таа земја.