Иницијатива за прогласување на 2015-та за година на конкурентноста

18.02.2015 10:14

Стопанската комора на Македонија ќе им додели и награди на најуспешните стопанственици и компании...

Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја одбележи 93-годишнината од основањето со иницијатива за прогласување на 2015 за година на конкуретноста во Македонија и во земјите - членки на Асоцијацијата на балканските комори.
 
На настанот најавено е обраќање на претседателот на Унијата на индустриски комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу и на претставници од Владата на Република Македонија.
 
Стопанската комора на Македонија ќе им додели и награди на најуспешните стопанственици и компании.