Тетово: Граѓаните задоволни од работата на Катастарот
Тетовци денеска можеа да се информираат да сите прашања во врска со Агенцијата за катастар. Седма година по ред се одржа отворениот ден со Катастарот. Директорот е задоволен од ефикасноста на тетовското одделение. Граѓаните задоволни од работењето, но сеуште имаат свои прашања…

Ако пред седум години граѓаните имаа најмногу забелешки за ефикасноста, сега имаат само прашања за личните случаи. Седма година по ред се одржа отворениот ден со Катастарот.
Директорот Трпевски е задоволен од работењето на тетовското одделение. Овде веќе се дигитализирани половина од катастарските планови. Лани биле примени 61 илјада предмети и сите биле решени.
Од Агенцијата за катастар апелираа граѓаните што побрзо да ги поднесат документите за изработка на елаборат за легализација на своите имоти.
Граѓаните се задоволни од ефикасноста, но и натаму имаат забелешки и прашања за личните предмети.
Отворениот ден со Катастарот се одржува веќе седум години. Утре се организира во Гостивар. Своите прашања граѓаните ќе можат да ги постават од 9 до 17 часот.
Зоран Јованоски
