ИПАРД: Нови 60 милиони евра за земјоделците од 2016-та година
18.02.2015 12:32
Европската комисија го одобри новиот ИПАРД за период од 2014 до 2020 година. Овие средства македонските земјоделците ќе можат да ги користат по завршувањето на претходната програма...

Oдобрeна е ИПАРД Програмата 2014-2020 година. Македонските земјоделци на располагање ќе имаат нови 60 милиони евра.
Пари ќе се користат од 2016 година, по затворањето на првата ИПАРД Програма.
Остануваат досегашните три мерки, за инвестиции во основни средства, за преработки и за диверзификација на земјоделските стопанства.
Корисници ќе бидат и производителите на житни култури кои досега не се финансираа од европскиот фонд.
Новина е и пголемата стапка на кофинансирањето од 60 наместо 50 проценти.
Методија Трајков
