Могерини: Бутновниците го кршат договорот од Минск

18.02.2015 12:39

Федерика Могерини ги обвини проруските сили во Украина дека отворено го кршат договорот од Минск...

Високата претсавничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ги обвини проруските сили во Украина дека отворено го кршат договорот од Минск.
 
Претходно оттаму стигнаа информации дека двете страни почнале да го повлекуваат тешкото вооружување и да се предаваат откако во текот на ноќта пророруските бунтовници продолжија со нападите во Дебаљцево, епицентарот на борбите со владините сили.
 
Британските медиуми пренесоа дека претседателот Путин им сугрерирал на украинските власти да им наредат на војниците да се повлечат од Дебаљцево.