Нови креации на децата во МКЦ

09.01.2014 13:19

Младинскиот културен центар и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, која го спроведува проектот на УСАИД , потпишаа договор за реновирање на Детскиот креативен центар кој работи во просториите на МКЦ.

Во рамките на проектот на американската државна агенција “Со читање до лидерство”   е предвидено е да бидат изградени ликовно, театарско и компјутерско катче. Ќе биде создаден фонд со детски книги, математички дидактички средства, за развивање на креативноста и вештините кај најмладите до 14-годишна возраст .

„Овој проект има за цел да ги подобри јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија од основното образование, да се зајакнат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писменост,“ -во телефонска изјава ни кажа Сузана Киранџиска, раководител на Фондацијата “Чекор по чекор”.

Проектот ги подготвува и ги спроведува сите активности во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар.  Подновувањето ќе почне во февруари и ќе се заврши кон крајот на март годинава.

Детскиот креативен центар, кој постои од 1997-та, за првпат се обновува со американска поддршка од дваесет илјади долари.

Моника Јовановска