Рекорден извоз на овошје и зеленчук во 2014-та
18.02.2015 12:43
Според бројките, извозот на овошје и зеленчук е за 15 милиони долари вредносно поголем споредбено со 2013-тата година...

Според податоците на Нараодната банка лани биле извезени рекордни количини овошје и зеленчук во вредност од 209 милиони евра. Истовремено рекорд бележи и вкупниот извоз на прехрамбени производи.
Според бројките, извозот на овошје и зеленчук е за 15 милиони долари вредносно поголем споредбено со 2013-тата година, кога се продадени производи на странските пазари во вредност од 193,2 милиони долари.
Според експертите, Македонија важи за земја со квалитетни земјоделски производи со препознатлив вкус и тоа треба да се зачува.
