Атина ќе бара продолжување на договорот за кредит
18.02.2015 12:47
На изјавата на германскиот министер за финансии дека предлогот може да биде одбиен, портпаролот на грчката Влада истакна дека „преговорите не се водат преку изјави, туку во затворени сали со консултации“...

Официјална Атина потврди дека ќе бара продолжување на договорот за кредит со еврозоната.
На изјавата на германскиот министер за финансии дека предлогот може да биде одбиен, портпаролот на грчката Влада истакна дека „преговорите не се водат преку изјави, туку во затворени сали со консултации“.
Тој додаде дека „ако има взаемна подготвеност да се најде решение, Грција е тука да дискутира за тоа“.
Портпаролот информира дека барањето за продолжување ќе се заснова на документот на еврокомесарот Московиси и нагласи дека „владината програма нема да замрзне“.
