Сивата економија најчеста во градежништвото, угостителството и услугите

18.02.2015 13:39

Има манипулации со ДДВ и користење на сметководствени трикови со цел плаќање пониски даноци, а од аспект на граѓаните пријавуваат дека 46,7 проценти при купување во продавници добиваат фискални сметки...

Градежништвото, угостителството, услугите, ова се секторите во кои се најраспространети сивата економија, даночната евазија и непријавениот труд. Ова го покажала анализата на Центарот за истражување и креирање политики.

На пример, една третина од бизнисите што ги интервјуиравме пријавуваат дека има манипулации со ДДВ и користење на сметководствени трикови со цел плаќање пониски даноци, а од аспект на граѓаните пријавуваат дека 46,7 проценти при купување во продавници добиваат фискални сметки, другиот дел повеќе од половина не добиваат, вели Емил Шурков од Центарот за истражување и креирање политика.

Руслан Стефанов, директор на економската програма во Центарот за изучување на демократијата од Бугарија, посочува дека најголеми проблеми со скриената економија се јавуваат во земјоделството и трговијата со акцизните стоки, а како причини за појава на скриената економија ги посочува недоволното даночно осплужување на бизнисите, довербата во институциите и очекувањата на граѓаните за користењето на средствата собрани од даноци. Како елементи кои влијаат на сивата економија, според него, се и приватните трансфери од странство, но и големиот број инспекции.