Досега откупени 23 илјади тони тутун

18.02.2015 13:40

Најголемиот дел од откупените количества тутун се од Пелагонискиот дел. Во источниот дел од земјава откупот е речиси завршен...

Откупот на тутунот е при крај, откупени се 23 илјади тони, информираат од Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Најголемиот дел од откупените количества тутун се од Пелагонискиот дел. Во источниот дел од земјава откупот е речиси завршен. Остануваат уште 2 до 3 илјади тони тутун од договорените количества да ги преземат откупувачите.

Просечната цена е 118 денари за килограм. Се очекува откупот да заврши до крајот на февруари иако законскиот рок е 15-ти март.

Во текот на откупната кампања, од Министерството за земјоделство и од земјоделскиот инспекторат најавија дека по откупот на договорените количества ќе се разгледаат можностите за откуп и на вишокот тутун од ланската производствена реколта.