Екстремисти од ИДИЛ им ги отсекле рацете на три жени
18.02.2015 13:57
Џихадистите стравуваат дека населението би можело да ја информира коалицијата, предводена од САД, за позициите на групата...

Екстремистите од групата Исламска држава им ги отсекле рацете на три жени, но не е познато под кои обвинувања, а јавно искамшикувале петмина мажи поради користење мобилни телефони.
Џихадистите стравуваат дека населението би можело да ја информира коалицијата, предводена од САД, за позициите на групата.
Исламската Држава која минатата година го презеде под контрола градот Мосул, наводно објавила декрет во кој се заканила со 30 удари со камшик за секој што ќе биде фатен да користи мобилен телефон.
