Фудбал - Лига на шампиони

Реал и Порто фаворити и на гостински терен!

18.02.2015 13:58

Во обидот да биде првата екипа што го одбранила трофејот во Лигата на шампионите, Реал е во серија од девет победи со 25 постигнати и само три примени гола...

Кога, Реал Мадрид ја освојуваше десетата рекордна титула во елитното натпреварување, триумфално се прошета низ Гелзенкирехен со 6:1, но без разлика што сите елементи се повторно на негова страна, овој осминафинален двомеч не би смеело да на ликува на минатаогодишниот. Кралскиот клуб и сега е фаворит, но во Германија кадешто има само  3 победи на 27 меча ќе биде без повредените Рамос, Родригез, Модриќ, Кедира и Коентрао. Добрата вест е враќањето на  Пепе. Во обидот да биде првата екипа што го одбранила трофејот во Лигата на шампионите, Реал е во серија од девет победи со 25 постигнати и само три примени гола.

И ако мадриѓани можат да анулираат дел од проблемите со квалитетни алтернативи како Иљараменди или новото бразилското засилување Лукас Силва, тогаш тренерот на Шалке, Ди Матео ќе треба да направи магија за да го надополни отсуството на Дракслер, Фарфан, Колашинац и Обаси и пред се на двајцата голмани Ферман и Гифер.Принудно на голот ќе биде деветнаесетгодишниот дебитант, Веленројтер.

И покрај малерите, Камерунецот во Шалке, Чупо - Мотинг не смета дека гостите се непобедливи и е убеден дека италијанскиот мастор зза тактика, ќе најде начин да ги сопре Роналдо, Бензема и Бејл кои лани постигнаа по два гола.

И германскиот реаловец, Крос е сигурен дека нема ништо да биде исто како минатата сезона, затоа што Шалке е добро организиран и особено цврт во дефанзива без разлика што има само два триумфа во последните 15 дуели со шпански тимови.

Порто е меѓу трите непоразени екипи сезонава и загуби само еднаш во последните 14 европски меча, но баскиецот на неговата клупа, Лопатеги вели дека за да минат во четвртфиналето ќе им требаат два добри дуела, не само еден. Според него, Базел е квалитетна екипа со искусни интернационалци и имаше два месеца да се подготвува само за оваа пресметка. Настапот на Гаши е незивесен, но дефинитивно хендикеп за швајцарскиот прваќ ке биде неиграњето на повредениот Иванов и на суспендиранот Шер. Затоа пак португалскиот тренер на Базел, Паоло Соуса одлично го познава стилот на Порто и вели дека неговите играчи ќе им создадат проблеми на гостите, но притоа ќе мора да преземат ризик.

Првиот меѓусебен дуел Базел и Порто ќе го почнат во стандардниот термин, 20 часот и 45 минути кога со пренос на МРТ 1 ќе играат и Шалке - Реал Мадрид.