Грција го почна претседавањето со палење на европското знаме

09.01.2014 13:36

Јапонија

Најмалку петмина загинаа, а 12 работници  се повредени при експлозија во  фабрика за производство на силиконски материјал во сопственост на „Мицубиши“  во градот Јокаичи во централниот дел на Јапонија. Според првичните информации, експлозијата се случила додека работниците  поправале грејачи  за производство на силиконски производи.  

Русија

Тензично во Русија. Мерките за безбедност сe подигнати на највисоко ниво, откако полицијата во регионот Ставропол пронајде пет трупа со прострелни рани во пет автомобили на различни локации. Градот е во близина на Кавказ, најголемото упориште на муслиманските милитанти. Безбедноста по трите терористички напади во пресрет на Олимписките игри во Сочи во февруари е зголемена на целата територија.

Грција

И покрај забраната за протести за време на церемонијата на преземањето на шестмесечното претседателство со ЕУ,  во Атина судир на полицијата со демонстрантите. Полицијата со солзавец ги растерувала граѓаните кои се обиделе да го урнат полицискиот кордон пред атинскиот Универзитет. 

Има нешто расипано во срцето на Европската унија. Таа е главниот механизам за наметнувањето мерки за штедење и за намалување на работничкото мнозинство и е виновна за социјалната криза во Грција.

Тајван

Продолжуваат протестите во Тајван. Илјадници луѓе ги блокираа главните патишта и Владата во пресрет на изборите што треба да се одржат на 2 февруари. Демонстрациите траат еден месец, а поддржувачите на Владата на Шинаватра се загрижени за состојбата во земјата и сметаат дека доколку протестите не престанат, состојбата може да ескалира.