Хан: Сите политички лидери да соработуваат за надминување на актуелната ситуација
Ги повикав сите страни да го решат проблемот. Прашањата треба да се затворат во парламентарен стил, преку владеењето на правото поради европската перспектива на земјата, нагласи еврокомесарот Хан...

Сите политички лидери да соработуваат за надминување на актуелната ситуација, која не оди во прилог на напорите за спроведување на реформите во земјава, изјави еврокомесарот Јоханес Хан. За случајот „Пуч“, хан смета дека работите треба целосно да се истражат во легална постапка.
„Ги повикав сите страни да го решат проблемот. Прашањата треба да се затворат во парламентарен стил, преку владеењето на правото поради европската перспектива на земјата. Ова е навистина сериозно прашање. Мојата порака е дека работите треба да се расчистат и истражат од оние лица кои се надлежни за тоа, во една легална постапка, но ако е потребно како и во другите земји. Треба да има и една полтичка оценка, треба да влезе во комисија во Парламентот, да се истражи од сите страни во Парламентот. Мора да се има чувство дека парламентарните работи треба да се случуваат во Парламентот“, нагласи еврокомесарот Хан.
