Петмина повредени во тепачка во турскиот парламент
18.02.2015 15:08
Инцидентот избил откако пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебата за спорниот закон за безбедност...

Петмина пратеници се повредени во тепачка што изутрината избила во турскиот парламент.
Инцидентот избил откако пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебата за спорниот закон за безбедност, кој на полицијата би и дал поголеми овластувања за време на претрес и апсења.
Пратеник на про-курдската партија изјави дека во текот на физичката пресметка низ просторијата летале столици, а двајца пратеници дури биле удрени со чекан.
