Турција: Дебатата во парламентот за контроверзниот закон за безбедност се претвори во тепачка
Инцидентот избил на затворена седница, откако опозицијата се обидела да ја одложи почетокот на дебатата и да го спречи донесувањето на контроверзниот закон со кој на полицијата би и се дале поголеми овластувања за време на претрес и апсења...

Разлетани столици, тупаници, чаши со вода низ воздухот... Дебатата во турскиот парламент за новиот предлог- закон за безбедност се претвори во тепачка. Петмина пратеници се повредени, од кои двајца завршија в болница со повреди на главата.
Инцидентот избил на затворена седница, откако опозицијата се обидела да ја одложи почетокот на дебатата и да го спречи донесувањето на контроверзниот закон со кој на полицијата би и се дале поголеми овластувања за време на претрес и апсења.
Според турските медиуми, едниот повреден е пратеник од Народната демократска партија, а останатите четворица се од Републиканската народна партија. Нивни колега сведочи дека за време на инцидентот во просторијата летал и чеканот и ѕвоното со кое претседателот на Собранието ги отвора и затвора седниците.
Медиумите објавуваат дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наредил оти законот мора брзо да се изгласа и уште побрзо да се примени. И покрај прекинот на седницата се очекува продолжение уште денеска.
Бојана Крстевски
