Конкурентноста- услов за подолгорочен економски раст

18.02.2015 16:43

Владата вети безрезервна поддршка конкурентноста да биде ставена за врвен приоритет, не само годинава, туку и во еден подолг период. Преку дијалог ќе продолжи надминувањето на сите предизвици со кои се соочува бизнис заедницата...

Бизнисмени од 10 земји со заеднички напори ќе ја подобруваат конкурентноста. Иницијатор е Асоцијацијата на 10 балканските комори. Велат, тоа е услов за подолгорочен економски раст и развој на секоја земја.

„Дефинитивно зад нас ќе ги оставиме и приватизациите и транзициите и ќе се сконцентрираме на намалување на трошоците што како инпут водат до поголема цена и намалување на нашата конкурентност“, изјавин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Бизнисмените ќе внимаваат на секое евро или денар. Заеднички бараат продолжување на инвестициите во регионалната транспортна инфраструктура. Се бараат пред сѐ реформи на пазарот на трудот и либерализација на трговијата.

„Покрај продолжување на инвестициите во транспортната инфраструктура и подобри  логистички перформанси, потребно е сето тоа во нашиот регион да се подобри за да се   зајакне вкупното економско работење и резултати“, нагласи Рифат Хисарчиклиоглу, потпретседател на Европската стопанска комора.

Владата вети безрезервна поддршка конкурентноста да биде ставена за врвен приоритет, не само годинава, туку и во еден подолг период. Преку дијалог ќе продолжи надминувањето на сите предизвици со кои се соочува бизнис заедницата.  

„Сите заеднички да работиме на тоа како и досега низ еден отворен дијалог кој го сметам за една најзначајна карактеристика на нашиот однос во изминатите 8- 9 години и кој во голема мера помогна да се дизајнираат добри политики и мерки кои влијаеа врз добрите економски резултати“, истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Стопанската комора одбележа 93 години постоење, а најголемите инвеститори и најдобрите партнери на бизнисот добија награди.

 

Свето Николовски