Нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, бизнисмените очекуваат поголема трговска размена
Експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, железничка пруга кон исток од Коридорот 8. Македонија и Бугарија се поврзуваат, бизнисмените очекуваат зголемена трговска размена...

Нов експресен пат долг 17- тина километри ќе ги поврзува Ранковце и Крива Паланка. Изградбата ќе се финансира со пари од Светска банка. Владата е во преговори, очекува проектот да го мине филтерот до есен годинава.
„Новина е дека Владата е веќе во поодмината фаза на разговори со Светска банка за финасирање на делот од Коридорот 8 од Ранковце кон границата со Бугарија. Очекуваме некаде наесен Светска банка да го одобри тој проект и да се финансира комплетно нова траса на патот од Ранковце до Крива Паланка во првата фаза, а во втората фаза да следи рекнострукција на патот од Крива Паланка до гранцата со Бугарија и да се интензивира градбата на железничката пруга кон Бугарија“, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски.
Регионалниот пат од Ранковце до Крива Паланка економски значаен, ќе ги поврзува двата најголеми рудници во Македонија. Инвестицијата се проценува на 10- тина милиони евра. Планирано е да има четири ленти. Се работи на експропријација на земјиштето, почетокот на градба се очекува.
Патната инфрасруктура до Бугарија владата планира да ја комплетира со реконструкцијата на делницата од Крива Паланка до Бугарската граница. Ќе се интензивираат градежните работи на пругата од Куманово до Бељаковце. Треба да заврши втората половина на 2017- тата. Се финансира со повеќе од 46 милиони евра, средства од Европската банка за обнова и развој. Од ЕБОР заем и за втората делница, до Крива Паланка, се работи и проектот до Бугарската граница. Бизнисот очекува конечно да куртули од високите трошоци за транспорт.
„До 2016-та размената треба да достигне една милијарда. Кризата ги дава резултатите, па мораме ние како стопанственици кои сме практични во својот дел да оствариме профит. А ако режиските трошоци влијаат многу, тогаш и транспортот е еден од главните инпути во цената на производот“, смета бизнисменот Зоре Темелковски.
Од Европските финансиски институции ќе се финансира и изградбата на железницата кон Албанија, најави вицепремиерот Ставрески. Во фаза на изработка е проектната документација за пругата од Кичево до Лин.
Сузана Фиданска- Стоевска
