Експертите за случајот „Пуч“: „Бомбите“ на Заев не го даваат посакуваниот ефект
Со ширењето на овие невистини се обидува да се покрие фактот кој и самиот Заев го призна во повеќе наврати, дека соработувал со странски служби...

Се повеќе е јасно дека „бомбите“ на Заев не го даваат посакуваниот ефект, коментира експертската јавност. Медиумите блиски до опозицијата со манипулации и клевети се обидуваат да го одбранат лидерот на СДСМ.
Многу невистини се објавени деновиве на порталите финансирани од СОРОС и од луѓето блиски до опозицијата. Дека наводно министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска избегала во Америка исплашена од „бомбата“ на Заев. Демантот стигна експресно. Точната информација е дека Јанкулоска е во САД каде што учествува на неколкудневен самит што се одржува во Белата куќа во Вашингтон посветен на насилниот екстремизам.
Втората лага во истиот ден беше дека Ставрески поради наводната јачина на таканаречената бомба си поднел оставка, што експресно беше демантирано од портпаролот Ѓорѓиев.
Аналитичарите, во ваквите дезинформации препознаваат иста цел. Да се создаде впечаток дека „бомбата“ која во меѓувреме стана кафеански муабет има силно влијание врз функционерите и дека тие се обидуваат да се спасат.
Претходно, истите медиуми објавија дека кога пукна првата „бомба“ Ставрески го искршил својот кабинет, што повторно се покажа како лага, бидејќи во тој момент министерот за финансии беше на службено патување во Лондон.
Со ширењето на овие невистини се обидува да се покрие фактот кој и самиот Заев го призна во повеќе наврати, дека соработувал со странски служби.
„Очигледна е координацијата на дејствувањето меѓу редица непријателски и антимакедонски центри на моќ. Народот сепак ги препозна сценариото и играта што се насочени кон највисоките национални и државни интереси и кон сето она што значи легални, демократски институции и начини на политичка конкуренција и борба“, смета аналитичарот Тони Науновски.
СДСМ освен соработката со странски центри во обид да дојде на власт смета дека и единствено странците можат да спречат граѓански немири што би биле логична последица на бомбите на Заев.
Да го одбрани невешто својот коалициски партнер се обиде и Тито Петковски од НСДП.
„Во битието на кривичното дело за што го товарат Заев не може да биде соработка со странски служби и ако добил информации. Кривично дело е ако пренесувал или издавал државна тајна, пренесувал доверливи информации на странска служба“, рече Петковски.
Дека СДСМ е во агонија и параноја потврдуваат и актуелните партикси поддржувачи, аналитичари и колумнисти. Со хистерија и лажни инфомрации несвесно и се нанесува голема штета на партијата се деч од пораките на социјалните мрежи.
Милчо Велески
