Објавен јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој

18.02.2015 17:21

е се поддржат 20-ина проекти со најмногу до 30 илјади евра, се очекува да се отворат нови работни места. Иновативните компании се главни двигатели на економскиот раст, порачуваат од бизнис секторот...

Објавен е јавниот повик. Преку Фондот за иновации на малите и средни компании им се ставаат на располагање 600 илјади евра. Ќе се поддржат 20-ина проекти со најмногу до 30 илјади евра, се очекува да се отворат нови работни места. Иновативните компании се главни двигатели на економскиот раст, порачуваат од бизнис секторот.

„Имаат 60 дена за да аплицираат, апликацијата што ќе ја достават ќе се состои од бизнис план кој внатре треба да ја објасни иновацијата и очекувањата од нивната апликација“, изјави Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори.

На огласот можат да се јават фирми не постари од 6 години, но и „старт ап“ компании. Фондот финансира околу 85% од вкупните трошоци за проектите.

Фондот за иновации и технолошки развој располага со вкупно 4 инструменти, за кои оваа година се предвидени средства во износ од 2.280.000 евра“, изјави Владимир Пешевски – вицепремиер за економски прашања.

Условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање компаниите можат да ги најдата на веб страницата на фондот за иновации. Се очекува грантовите да придонесат за зголемување на капацитетите на македонските компании за апсорпција на нови знаења и нови технологии, како и поинтензивна соработка со странски компании и трансфер на технологии и знаења, да се поттикне комерцијализацијална примена на научно- истражувачки проекти.

 

Дијана Ценевска