Во Велес повторно настрада автомобил на судија
Настанот е пријавен во полиција. Направен е увид. Лазаров не крие дека старвува за безбедноста на своето семејство...

Рано изутринава непознати сторители ги издупиле трите гуми на автомобилот на Јордан Лазаров, поранешен претседател на Основниот суд Велес. Автомобилот бил паркиран пред семејниот дом.
Синот на Лазаров од прозорот сосема случајно забележал чудни сенки и шушкања околу нивниот автомобил. Го отворил прозорецот и забележал како маж со брзи чекори се одалечува од местото каде бил паркиран автомобилот марка „Форд фиеста“.
Настанот е пријавен во полиција. Направен е увид. Лазаров не крие дека старвува за безбедноста на своето семејство, се плаши и за недвижниот имот, особено на куќата во село Еловец, за што вели се плаши некој да не ја запали.
Точно пред една година истиов автомобил беше опожарен. Полицијата сеуште го бара сторителот. Неодамна опожарени беа автомобили на уште двајца судии во Основниот суд во Велес.
