„Набуко“ во петок на сцената на МОБ
19.02.2015 09:24
„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката...

Утревечер Македонската опера и балет ќе ја изведе популарната „Набуко“ на Џузпе Верди.
Претставата е со комплетна домашна екипа. Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на „Абигаила“, Зоран Сотиров ќе настапи како „Исмаел“, „Фенена“ ќе ја толкува, Ирена Кавкалевска, додека улогата на „Захарие“ му е доверена на басот, Владимир Саздовски.
Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент ќе биде Бисера Чадловска.
„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.
