Прокопис Павлопулос нов претседател на Грција
Павлопулос (64) е професор по уставно право на Атинскиот универзитет, искусен десничарски политичар од таборот на најголемата опозициска партија Нова демократија...

Со 233 гласа „за“, десноцентристичкиот политичар Прокопис Павлопулос вчеравечер беше избран за нов претседател на Грција. Павлопулос ќе стапи на должност на 13 март, односно еден ден по истекот на мандатот на актуелниот грчки претседател Каролос Папуљас.
Павлопулос (64) е професор по уставно право на Атинскиот универзитет, искусен десничарски политичар од таборот на најголемата опозициска партија Нова демократија. Тој беше министер за внатрешни работи од 2004 до 2009 година, а до 1995 година беше и правен советник на грчкиот претседател Константинос Караманлис. Кон крајот на 80-тите години, бил и министер за медиуми.
Номинацијата на Павлопулос беше големо изненадување во Грција, затоа што се очекуваше за претседателската функција да биде кандидиран еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.
