Полицијата ги утврдува причините за синоќешната експлозија пред Судот

19.02.2015 10:01

Во експолозијата нема повредени, а не е причинета ниту голема материјална штета...

Полицијата се уште истражува кои се извршителите и мотивите за синоќешната експлозија што се случи околу 19:30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во близина на скопските судови.
 
Во експолозијата нема повредени, а не е причинета ниту голема материјална штета. Оштетена е жардињера на булеварот спроти судовите.
 
Случајот во полиција го пријавил вработен во Судот.