Тотенхем-Фиорентина во пренос на МРТ-1
Тотенхем нема проблем со повредени играчи, но поради тешкиот распоред се очекува Покетино да калкулира со изборот на играчи. Без големи главоболки е и Винченцо Монтела, којшто не може да смета само на повредените Роси и Бернардески...

Со 1/16-финалниот дуел против Фироентина, Тотенхем влегува во жесток ритам од шест меча во само 17 дена, вклучувајќи го и реваншот во Италија и финалето на Лига Купот против Челзи. И покрај тоа, Лига Европа останува меѓу највисоките приоритети за менаџерот Маурисио Покетино, којшто сака подобар резултат од ланскиот, кога Спарс испаднаа во осминафиналето.
Виола е четврта во серија „А“, во одлична низа од шест победи и две ремија во последните осум средби. Нема пораз од почетокот на јануари, кога загуби од Парма, иако во меѓувреме остана без најголемата ѕвезда Квардадо. Колумбиецот се пресели во Челзи, но и без него, тимот остана со неколку играчи со премиерлигашко искуство – Салах, Аквилани, Пизаро, Дијаманти, Савиќ..
Тотенхем нема проблем со повредени играчи, но поради тешкиот распоред се очекува Покетино да калкулира со изборот на играчи. Без големи главоболки е и Винченцо Монтела, којшто не може да смета само на повредените Роси и Бернардески.
Тотенхем има стопроцентен ефект „три од три“ во нокаут-соочувањата со италијански екипи во еврокуповите. На трите домашни мечеви со ривали од „калчото“, нема примено ниту еден гол.
Фиорентина, пак, има пет победи во вкупно осумте дуели со англиски екипи. Една од нив е и на последната посета на Лондон, во сезоната 1999/2000, кога на „Вембли“ славеше против Арсенал со 1-0. Адут повеќе на нејзина страна е и што нема пораз на претходните девет гостински средби во Лига Европа. Седум доби, а на две одигра нерешено..
Преносот од натпреварот Тотенхем-Фиорентина на МРТ-1 е во 21.05 часот.
Во преостанатите 1/16-финални средби вечер ќе се сретнат: Алборг-Бриж, Днипро-Олимпијакос, ПСВ Ајндховен-Зенит, Рома-Феенорд, Торино-Атлетик Б, Трабзон-Наполи, Волфсбург-Спортинг, Јанг Бојс-Евертон, Ајакс-Легија, Андерлехт-Динамо Москва, Селтик-Интер, Генгамп-Динамо Киев, Ливерпул-Бешикташ, Севиља-Борусија Менхенгладбах и Вилјареал-Салцбург.
