Утре вонреден состанок на Еврогрупата
Грчките медиуми пренесуваат дека Еврогрупата утре ќе одржи вонреден состанок на кој ќе се дискутира за грчкото барање за шестмесечно продолжување на договорот за кредит...

Грција денеска го испрати барањето за продолжување на договорот за кредит до партнерите во ЕУ. Според портпаролот на грчката влада, целта на Атина е да се најдат заеднички допирни точки за постигнување договор за што се водат интензивни консултации и се прават обиди преку дијалог да се најдат допирните точки.
Грчките медиуми пренесуваат дека Еврогрупата утре ќе одржи вонреден состанок на кој ќе се дискутира за грчкото барање за шестмесечно продолжување на договорот за кредит.
Претходно министер за финансии Варуфакис изрази уверување дека грчкиот предлог за продолжување на европското финансирање ќе биде изгласан на утрешното заседание на таканаречената Работна група на еврото.
