Попладнево прва работна средба за законот за високо образование

19.02.2015 13:31

Во пресрет на средбата, студентите од Пленумот изјавија дека бараат целосно повлекување на постојниот закон и донесување сосема нов...

Во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ попладне од 16 часот ќе се одржи прва средба на работната група со претставници од Владата, УКИМ, пленумите на професорите и студентите, за да дискутираат за подобрување на законот за високото образование.

Универзитетска заедница ќе ја предводи ректорот на универизтетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, додека владата ќе ја претставува ресорниот министер Абдилаќим Адеми.

Во пресрет на средбата, студентите од Пленумот изјавија дека бараат целосно повлекување на постојниот закон и донесување сосема нов, зашто сметаат дека со сите измени постојниот е нефункционален и ја загубил суштината.

Не ги прифаќаат последните измени со кои е одложена примената на некои одредби, меѓу кои за една година  полагањето државен испит.