Стартува процесот за прием на професионални војници во АРМ

19.02.2015 12:55

Во април годинава ќе бидат избрани 125, а во септември се објавува конкурс за дополнителни 125 припадници на Армијата...

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески денеска  присуствуваа на проверката на кандидатите за професионални војници.

Сега ги почнуваме првите три фази од проверката на идните професионални војници во АРМ и тоа прво психолошки тест, потоа општо-образовниот тест и третиот е проверката на физичката подготвеност. Сите кандидати кои ќе ги поминат овие фази одат на лекарски преглед, по што почнува фазата за пливање на 50 метри и последната, најзначајна фаза е селективниот курс што трае 24 дена, појасни министерот Јолевски.

Во април годинава ќе бидат избрани 125, а во септември се објавува конкурс за дополнителни 125 припадници на Армијата, така што, според огласот годинава треба да се вработат вкупно 250 професионални војници.