Намален бројот на извршни предмети на нотарите

19.02.2015 14:52

Во 2014-та година се примени 40.000 предмети помалку, во споредба со 2013-та година. Тоа, според претседателката на Нотарската комора на Македонија, Зорица Пулејкова, зборува за финансиска дисциплина ...

Анализата на нотарската комора покажува дека се зголемува финансиската дисциплина на граѓаните и на правните лица, истовремено биле поднесени само 70 приговори против решенијата изготвени од нотарите.

Извршните предмети кои што ги работат нотарите во последните четири години бележат тенденција на намалување. Во 2014-та година се примени 40.000 предмети помалку, во споредба  со 2013-та година. Тоа, според претседателката на Нотарската комора на Македонија, Зорица Пулејкова, зборува за финансиска дисциплина и  уредност во исполнување на договорите од страна на граѓаните и правните лица. 

Оценка на Германската нотарска комора е дека македонскиот нотаријат функционира многу добро и во негови ингеренции треба да остане целото имотно право.