Америка окована во мраз

19.02.2015 14:59

Во Вашингтон температурите можно е да се спуштат под нулата за првпат по 1994 година...

Студеното време проследено со снег и мраз и натаму владее во поголемиот дел од Соединетите Американски Држави. Се очекува темературите да го урнат претходниот рекорд од Тенеси во Вирџинија, а во Вашингтон можно е да се спуштат под нулата за првпат по 1994 година. 
 
„Навистина ми се допаѓа уникатноста што ја носи денот. Никогаш не знаете дали автомобилот ќе ви запали или не. Не знаете дали нешто ќе ви се скрши во домот од студеното време“, велат жителите.
 
Студеното време е последица на арктичкиот воздух кој од Северниот Пол се спушти кон Северна Америка.