Исламска држава запали 40 полицајци
19.02.2015 15:01
Џихадистите минатата недела презедоа контрола над поголемиот дел од градот Ал Багдади...

Претставник на полицијата во ирачката провинција Анбар ги потврди извештаите дека Исламската Држава убила најмалку 40 полицајци и племенски припадници, и дека повеќето од нив биле запалени.
Џихадистите минатата недела презедоа контрола над поголемиот дел од градот Ал Багдади.
Градот се наоѓа на само 14 километри северно од воздухопловната воена база Ајн ел Асад, во која се стационирани околу 400 американски војници кои обучуваат ирачки пилоти во борбата против џихадистите.
