„Фортон“: Расте понудата на станови, трендот на пад на цените продолжува
Во втората половина на 2014-та биле понудени 4.909 нови станови, од кои повеќе од половина биле лоцирани во општината Аеродром, во која биле реализирани и 36% од сите купопродажни трансакции...

Анализата на специјализираната консултантска компанија „Фортон“ покажува дека продолжува да се зголемува бројот на понудени нови станови. Во втората половина на 2014-та биле понудени 4.909 нови станови, од кои повеќе од половина биле лоцирани во општината Аеродром, во која биле реализирани и 36% од сите купопродажни трансакции.
Трендот на намалување на продажните цени во последниве две години продолжува, а падот изнесува 0,9% во периодот јули - декември лани.
Анализата покажува дека 39% од становите кои се во изградба не се продадени во моментот на завршување.
„Фортон“ очекува стабилизирање на продажните цени на становите, а во некои општини како скопски центар и нивно зголемување, што е сигнал за градежните компании да влезат во нови инвестиции.
