ГДОМ: Секој кодош сонува да биде вазал – тоа народот не смее да го дозволи!

19.02.2015 16:11

Историјата сведочи дека Македонија постојано била на удар на кодошките сценарија. Обврска ни е да го спречиме и најновото кое води кон обезглавување на татковината...

Деновиве, сведоци сме како некој гази врз нашето достоинство. Се служат со најсрамни методи за да дојдат на властМакедонската историја запишала дека кодошлокот одамна постои на ови простори. За режисерот Георгиевски нема дилеми дека секој кодош сонува да биде вазал.  

Исклучителна е ситуацијата со нашите кодоши, немаат господар веќе девет години. Тоа е страшно. Нели знаеме што значи невработен кодош- тоа е уште пострашно тој самиот себе ќе се накодоши само да биде вазал“, рече на трибината режисерот Љубиша Георгиевски.

Ова што сега се случува оди на штета на сопствената земја. Во време кога инвестициите ја задвижија економијата на сцена стапува некое кодошко- уценувачко сценарио кое треба да наметне политичка криза.

Не знам зошто се толку упорни и имаат голема желба да го уништат сопствениот народ и земја. Зошто сакаат утопија кога по старото правило тоа ќе им се удри по сопствената глава“, вели актерот Тони Михајловски.

Политичките аналитичари сметаат дека намерата нема да успее затоа што мнозинството ја препозна играта. Чии идеи пропагира човекот што сака да ја свитка кичмата за надвор, а дома да јаде живи луѓе?!

Кој е тој лидер и партија што во изминатиов период кога зборува добиваме впечаток дека го слушаме грчкото Министерство за надворешни работи. Истите тие тези иако се на штета на сопствената земја ги пропагира опозицискиот лидер Зоран Заев“, рече политичкиот аналитичар Александар Пандов.

За историчарите ова е едно странско сценарио кое треба Македонија да ја стави на колена и да ја обезвредни пред европската јавност.

Не е целта само да се промени името, туку целта е едноставно да се уништи мекедонската држава, а потоа да ја прекрстуваме под било кое име“, смета д-р Виолета Ачковска, историчар.

Движењето за одбрана на Македонија најави дека дебатите ќе продилжат со посета на секое населено место. Македонија е земја што сме ја наследиле од нашите дедовци и таква треба да ја зачуваме за идните генерации.

 

Стевче Митревски