Украина: Над 1,5 милиони луѓе раселени, 5.000 го загубиле животот

19.02.2015 17:17

Во исчекување да се спроведе мировниот план во Украина, УНХЦР објави дека над 1,5 луѓе биле раселени од источниот дел на земјата, околу пет илјади луѓе ги загубиле животите, а 600 илјади побарале спас во други држави. Секој кој ја преживеа војната, има своја тажна приказна...

Откако вчера од Дебаљцево, се повлекоа единиците на укринската војска, а градот падна под контрола на проруските сили, странските агенции известија- во момент кога се очекува да се  спроведе минскиот мировен план, сотојбата во Источна Укарина сеуште наликува ниту на мир  ниту на војна. Последиците од судирот се чувствуваат наекаде. Градовите се разурнати, луѓето масовно ги напуштале своите домови бегајќи од смртта.

„Се вратив, со тага, да видам што остана од куќата. Уште минатата година зградата беше гранатирана, ми загина сопругата и многу мои соседи“, вели еден жител на Доњецк.

Во близина на Краматоркс е сместен најголемиот бегалски камп за раселени лица во Источна Украина. Многумина од нив најдоа привремено живеалиште во празните вагони, а за нив се грижат волонтерите од  канцеларијата на Светската организација за храна.

„Светската програма за храна се грижи за луѓето коишто нема од што да живеат. Земјоделството е уништено, немаат пари. Секојдневно им даваме бонови за храна и за преостанатите производи што се неопходни за живот“, вели Абадира Афатепи.

Секој од овие луѓе има доживеано своја тажна приказна од војната. Ирена Медеева го загубила сопугот, ќуката е целосно уништена, но сепак со своите две деца живее во надеж дека еден ден ќе се вратат во своето напуштено огниште во Луганск.

Билансот од двегодишната војна според податоците на УНХЦР е дека војната во Укарина однесе над 5.000 жртви. Над 1,5 милион ги напуштиле своите домови и околу 600 илајди барале азил или некој друг облик на легален престој во соседните земји.

Воените аналитичари за Укаринската војна рекоа дека во Европа се случи уште еден најголем вооружен судир по војните во Чеченија и во поранешна Југославија.

 

Мирјана Василева