Екстремисти од ИДИЛ планираат напади во Турција?
19.02.2015 17:26
Наводно, дел од екстремистите планираат да влезат и во Бугарија, за да изведат напади во земји од Европската Унија...

Екстремисти на Исламска Држава влегле во Турција и планираат напади на амбасади во Анкара и во Истанбул, објавија турските медиуми, повикувајќи се на Националната разузнавачка агенција.
Наводно, дел од екстремистите планираат да влезат и во Бугарија, за да изведат напади во земји од Европската Унија.
Инаку, џихадистите запалиле најмалку 40 полицајци и племенски припадници, потврди полицијата во ирачката провинција Анбар.
